БУМБАРИ БЕНД како дел од зимската приказна во Делчево

  • News

Пополека нашата “Зимска приказна во Делчево” се формира и добива одлика на вистинска народна забава! Секогаш актуелни и барани од делчевската публика поп-фолк” Бумбари Бенд” ќе настапат во доцните попладневни часови со почеток во 20.00 часот на сцената пред Спомен домот АСНОМ Делчево. Овде веќе се подготвени вредните домаќини кои произведуваат локални производи- закуски и пијалоци да ги угостат сите посетители кои што ќе сакаат да се “загреат” на звукот на Македонската поп и фолк песна.
Во 12.30 часот го имаме и традиционалниот литературен фестивал “Вапцарови бранувања” каде ќе бидат доделени и наградите за најуспешните учесници.
Четврток, 18.12.2025 година од претпладне па се доцна попладне партерот околу новогодишната елка во центарот на Делчево нека биде епицентар на слава, радост и убави моменти.

Shares