РЕШЕНИЕ за свикување на 7.редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 , 1/2021, 84/2020 и 202/24), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 05.03.2026 година, донесe

SOLUTION
за свикување на 7.редовна седница на
The Council of the Municipality of Delchevo
I
Ја свикувам 7. седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 12.03.2026 (четврток) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
I propose the following for the session
Daily order
-Усвојување на Записник од 4.седница
-Усвојување на Записник од 5.седница
-Усвојување на Записник од 6.седница

1.Предлог- Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари-службени простории
на Министерството за внатрешни работи;
Образлагач: Стефанија Стојчевска-Раководител на Одделение за јавни набавки.

2.Предлог-Одлука за донација на парични средства на ПАКОМАК ДОО Скопје како поддршка на проект од јавен интерес “Паметно управување со отпад од пакување во Македонија, фаза 2”;

3.Предлог-Одлука за промена на назив на установа и скратен назив;

4. Предлог-Одлука за за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Делчево и Општина Берово;
Образлагач: Ивана Ивановска-Раководител на Одделение за правни и општи работи.

5.Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Делчево поддршка на граѓанскиот сектор во 2025 година со Предлог-Заклучок за усвојување;
Образлагач: Даниела Такева-Советник за односи со јавноста и протокол.

6. Предлог-Одлука за приоритетен предлог за Проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој;

7. Предлог-Одлука за приоритетен предлог за Проекти за ПРОГРАМА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДИСПАРИТЕТИТЕ МЕЃУ И ВО РАМКИТЕ НА ПЛАНСКИТЕ РЕГИОНИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНАТА КОНКУРЕНТНОСТ ЗА 2026 ГОДИНА;

8.Предлог-Одлука за приоритетенпредлог проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби;
Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР.

9.Предлог-Одлука за отстранување на хаварисани, напуштени и нерегистрирани возила
од јавните површини на Општина Делчево;

10.Предлог-Одлука за утврдување на локација за поставување на собирачки центар за електричен и електронски отпад

11. Извештај за спроведувањето на Програмата за јавна чистота за 2025 година со Предлог-Заклучок за усвојување;
Образлагач: Татјана Стојковска-Виш соработник за заштита на животната средина и комуналната инфраструктура.
12.Предлог-Одлука за финансиска поддршка на Доброволна спасителска служба ОСОГОВО;

13. Предлог-Одлука за финансиска помош на Данијела Ивановска;

14.Предлог-Одлука за финансиска помош на Драгана Ѓорѓиевска;

15. Предлог-Одлука за финансиска помош на Кирчо Ризов;

16. Предлог-Одлука за финансиска помош на Ѓорѓи Марковски.

17.Предлог-Заклучок во врска со Барање на МЗ Тработивиште бр.09-3087/1 од 31.12.2025;
Образлагач: Николчо Стојменовски, претседател на Совет.

18.Предлог-Одлука За давање согласност на Одлуката на Училишниот одбор на ООУ „Св.Климент Охридски“Делчево за отпис и расходување на електронски електричен отпад бр.02-71/4;
Образлагач: Димитар Видимлиски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“

19. Предлог-Програма за активностите на месните и урбаните заедници на територијата на Општина Делчево за 2026 година ;
Образлагач: Џулиета Мемедова-Самостеоен референт за безбедност и здравје при работа.

20. Предлог-Програма за култура на Општина Делчево за 2026 година;
Образлагач: Наташа Димитровска-Виш соработник за информации и контакт со граѓаните.

21.Предлог-Одлука за определување на тарифи за вршење на авто-такси превоз на патници на подрачјето на Општина Делчево.

*22.Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈКП „Брегалница за 2026 година;

*23. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2025-2027 од Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

*24.Предлог-Одлука за давање на согласност на Одлуката утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2025-2027 од Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

*25. Предлог-Одлука за давање на согласност на Одлуката за утврдување на надоместоци за користење под закуп на пазарни тезги и деловни објекти на „Градски пазар во Општина Делчево“, донесена од Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.
Образлагач: Марија Сумрачка-ВД директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.(материјалите по точките 22,23,24 и 25 ќе ви бидат прикачени на системот утре, денес во 15.30 има Управен одбор на ЈКП)

II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-784/ 1
05.03.2026
Delchevo

COUNCIL OF THE MUNICIPALITY OF DELCEVO
President,
Николчо Стојменовски,с.р.

Shares