Градската спортска сала дадена на трајно користење на Општина Делчево

  • News

Градската спортска сала која се наоѓа до фудбалските терени во Делчево е дадена на трајно користење на Општина Делчево. Одлуката на Владата на 5 јуни е објавена во „Службен весник на РСМ“ и согласно со оваа Одлука, објектот се дава на трајно користење на Општина Делчево без надомест, а станува збор за повеќе делови од зградата: со намена Б6-2, влез 1 кат ПР, намена на посебен/заеднички дел од зграда ТР со отворена површина од 264м2; намена Б6-2, влез 1, кат ПР со намена на посебен/заеднички дел од зграда Т, со отворена површина од 987м1, намена на зграда Б6-2, влез 1, кат СУ, намена на посебен заеднички дел од зграда ХС со внатрешна површина од 22м2; намена на зграда Б6-2, влез 2, кат СУ, намена на посебензаеднички дел од зграда П со внатрешна површина од 51м2; и намена на зграда Б6-2, везл 3, кат СУ, намена на посебен /заеднички дел од зграда П со внатрешна површина од 51м2.

Со оваа Одлука, конечно, се реши прашањето на кого припаѓа овој објект кој повеќе скоро 30 години беше оставен недоизграден да пропаѓа и да го нагрдува спортскиот комплекс во Делчево.

Градоначалникот Иван Гоцевски потенцира дека ова е значаен чекор кон развој на спортот и одговор на барањата на спортистите, спортските клубови и сите граѓани во Делчево.

-Во име на Општина Делчево и од мое лично име изразувам благодарност до Владата за препознавање на потребата овој објект да премине во локална надлежност и да се стави во функција со што ќе испишеме нова страница во развојот на спортот во Делчево. Со овој чин, се враќа надежта дека со заедничка работа  можеме да ги обновиме вредностите што со години беа запоставени и да создадеме услови за идните генерации, нагласи Гоцевски.

Инаку, во моментов е активен тендерот на Министерството за спорт за реконструкција на спортската сала и до крајот на овој месец ќе се добие и изведувачот на работите на реконструкцијата на салата по што се очекува да започнат градежните работи за реконструкцијата на градската спортска сала.

Shares