
Општина Делчево го организира првиот натпревар во косење трева со рачна коса кој ќе се одржи на 4 август, вторник, во Делчево на локација која дополнително ќе биде објавена.
Целта на настанот е да се избере највештиот косач на трева и да се зачува и промовира традиционалниот начин на косење, да се негуваат старите занаети и да се поттикне дружење и натпреварувачки дух.
Право на учество имаат сите полнолетни лица кои поседуваат вештини за косење со рачна коса и ќе се придржуваат кон следните правила на натпреварот:
- Секој натпреварувач настапува со своја рачна коса,
- Натпреварот ќе се одвива според однапред утврдени правила и временски ограничувања,
- Стручна комисија ќе ги оценува брзината, квалитетот и уредноста на косењето.
За најдобриот косач е обезбедена награда: Прво место – рачна коса. Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 31 јули, во просториите на Општина Делчево или преку лицето за контакт Кирчо Анастасов- тел.079 329 300.
Ги повикуваме сите љубители на традицијата да бидат дел од овој настан и заедно да придонесеме за зачувување на македонското културно наследство.
Јавниот повик и Пријавата за учество можете да го најдете на следниот link



