
Вечерва Делчево ќе биде исполнето со звуците на виолините, виолата и виолончелото на еден од препознатливите македонски гудачки квартети „Вива стринг“ чиј заштитен знак се концерти исполнет со емоција и вечер за уживање и музика што ја допира душата.
Концертот ќе се одржи вечерва во фоајето на Спомен- дом АСНОМ, Делчево со почеток во 19,30 ч. Концертот е во реализација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Министерството за култура и туризам.



