Брендиран е новиот Туристички културен информатор на Општина Делчево

  • News

Брендиран е новиот Турисички културен информатор на Општина Делчево со што Општина Делчево испишува нова страница во туристичката промоција и афирмација на локалните природни и археолошки раритети и спецификите на Пијанец.

Процесот се работеше во партнерство со НУКЦ „Никола Јонков Вапцаров“, а главна цел е афирмација на потенцијалите за развој на Делчево во локални, национални и меѓународни рамки .

Туристичкиот информатор ќе функционира како основна клетка во развојот на туризмот кое ќе ја зајакне препознатливоста на Делчево како современа и автентична општина, ќе го поттикнe туризмот, инвестициите и културната размена  со посебен аспект на промоција на локалниот идентитет, традицијата и природното богатство.

 Една од специфичните цели е и вклучувањето и придонесеот на заинтересираните поединци, (граѓаните, младите и дијаспората) во промотивните процеси, но и подобрување на капацитетите на Општина Делчево и нивото на соработката на Општина Делчево со регионални, национални и меѓународни организации.

Отворањето на овој Туристички културен центар е дел од поширока програма на Оmunicipality of Delchevo Најдоброто од Делчево” која се реализира во соработка со локални компании, здруженија и поединци.

Shares