
Царинската управа на Република Северна Македонија ја извести Општина Делчево дека започнува со имплементација на проектот за реконструкција на Граничниот премин Делчево, финансиран од Европската унија преку инструментот за претпристапна помош ИПА III.
Станува збор за значаен инфраструктурен проект со кој е предвидена сеопфатна реконструкција и модернизација на објектите и инфраструктурата на граничниот премин.
Во рамки на проектот е предвидено:
1.реконструкција на Управната зграда на Граничниот премин Делчево;
2.реконструкција на зградата за стоково царинење на терминалот на граничниот премин;
3. реконструкција на асфалтните површини и подземните водови во опфатот на Граничниот премин Делчево;
4. дислокација и поставување нова дигитална вага за товарни возила.
Согласно with подготвената проектна документација, Договорот за градежните работи е потпишан во јули 2026 година помеѓу Царинската управа на РСМ и ВИА ДОО Вевчани – носител и ИЛИНДЕН АД Струга, како изведувачи на градежните работи.
Потпишан е и договор за консултантски услуги за вршење надзор над изведбата на градежните работи помеѓу Царинската управа и ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје.
Од страна на надзорот,изведувачот на работите е воведен во работа на 27.07.2026г, а рокот на завршување на градежните работи е12 месеци, односно до 26.07.2027.
Реконструкцијата на Граничниот премин Делчево е од особено значење за подобрување на условите за патниците и транспортот на стоки, зголемување на функционалноста на преминот и создавање современи услови за прекугранично движење.
Граничниот премин Делчево претставува важна сообраќајна и економска точка за Општина Делчево и источниот регион, а неговата модернизација ќе придонесе за подобра поврзаност, олеснување на транспортот и унапредување на прекуграничната соработка.
Општина Делчево ја поздравува реализацијата на овој значаен проект и очекува градежните активности да придонесат за добивање современ и функционален граничен премин, согласно потребите на граѓаните, стопанството и сите корисници.



