Продолжено работното време на угостителските објекти на 7 септември

  • News

Советот на Општина Делчево, на 15. Седница одржана на 27 август 2026 година, донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општината.

Со Одлуката се овозможува продолжување на работното време за два часа на 7 септември 2026 година, за време на одржувањето на манифестацијата „Денови на мојот град“, а по повод одбележувањето на 82-годишнината од ослободувањето на Делчево и 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија.

Продолжувањето на работното време се однесува на угостителските објекти опфатени со член 23 став 1 од Законот за угостителска дејност.

Shares