Општинската награда за проф.д-р Трајан Гоцевски

  • News

 

On The solemn session was доделена Седмосептемвриската награда за посебен придонес во научната дејност, придонес во развојот на високото образование, безбедносниот систем и македонската државност, како и афирмација на Општина Делчево во Република Македонија и во светот. Општинската награда „7 Септември“ за физичкото лице се состои од парична награда во износ од 20.000,оо денари и плакета.

Гоцевски е роден во с. Селник, Општина Делчево, а живее во Скопје. Тој е редовен професор на Филозофскиот факултет при УКИМ, носител на бројни државни и универзитетски функции, но и позиции поврзани со Делчево.

Гоцевски бил долгогодишен декан на Филозофскиот факултет и член на Ректорската управа на УКИМ, министер за одбрана во првата Влада на Република Македонија, член на Советот за безбедност, раководител на неколку научно-истражувачки проекти од национален интерес и сл. Целиот свој живот го посветил на развојот на образованието, науката, културата, но и конституирањето на Република Македонија, како независна држава, како и на развојот на македонското општество.

Автор е на 90 книги и на над 285 стручни и научни трудови, монографии и статии објавени во македонски и многубројни странски списанијаИницијативата за добивање на наградата е поднесена по повод 76- годишнината од неговото раѓање и 50-годишнината од неговата општествена, државна, наставно-научна и публицистичка дејност, која остави неизбришливи траги во поновата македонска историја, но и во развојот на Делчево.

 

Воедно, градоначалникот Гоцевски додели плакети и за успешна соработка и поддршка на Општина Делчево на: министерот за одбрана, Владо Мисајловски, генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на Генералштабот на АРМ, пратеникот во Собранието на РМ и на Драган Ковачки, за континуирана поддршка на Општина Делчево.

 

 

Shares