
Електронскиот отпад кој што со децении стоеше во просториите на ООУ “Ванчо Прќе” Делчево, денеска беше подигнат од страна на овластената компанија за справување со електронски отпад. Надлежните служби во нашето основно училиште во рамки на нашите програмски определби за здрава и безбедна општина Делчево, ја спроведоа целокупната законска постапка за отстранување на овој отпад кој што претставуваше ризик за животната средина и образовниот процес во училиштето.
Заеднички со локалните служби ги надминуваме сите аномалии од минатото, со што градиме поефикасни локални институции во вистинска служба на граѓаните.



