Се подготвува новата Програма за работа на месни и урбани заедници на Општина Делчево за 2027

  • News

Во насока на утврдување на потребите и приоритетите на граѓаните, во Делчево се одржа работен состанок со претставници на советите на месните и урбаните заедници, на кој се разговараше за предлозите и иницијативите што ќе бидат вклучени во Програмата за работа на месните и урбаните заедници на Општина Делчево за 2027 година.

На состанокот присуствуваше и градоначалникот Иван Гоцевски, кој истакна дека директната комуникација со претставниците на месните и урбаните заедници е важна за препознавање на реалните потреби на секое населено место и за планирање на активности што ќе придонесат за подобрување на условите за живот.

„Нашата цел е Програмата да не биде само список на планирани активности, туку да произлезе од реалните потреби и барања на граѓаните. Преку отворен дијалог, предлози од терен и заедничка работа ќе ги утврдиме приоритетите на секоја населба и ќе се залагаме за рамномерен развој на сите делови од општината. Верувам дека најдобрите решенија се создаваат тогаш кога институциите ги слушаат граѓаните и заедно со нив ги креираат локалните политики. Затоа, секоја идеја, иницијатива и предлог се важни и добредојдени. Заедно создаваме поуредено, поразвиено и поквалитетно Делчево, по мерка на сите граѓани“, нагласи Гоцевски.

Со подготовката на Програмата за 2027 година, Општина Делчево продолжува со практиката на вклучување на месните и урбаните заедници во процесот на планирање на локалниот развој, со цел потребите на граѓаните да бидат основа за утврдување на идните активности и инвестиции.

Shares