Водоснабдувањето за градот Делчево и за селата Тработивиште, Вирче, Град, Стамер и Полето се врши од регионалниот систем за водоснабдување кој се состои од:
• Акумулација Лошана со акумулационен простор 1 500 000 m3, камено насипана брана со Н = 41 m;
• Довод од зафатна градба во акумулацијата Лошана до филтер станицата во с. Тработивиште;
• Филтер станица во с. Тработивиште со проектиран капацитет од 60литри/секунда, а сегашен работен капацитет 40 l /s;
• Бунари и пумпни постројки во с.Тработивиште и градот Делчево (две пумпни постројки)
• Резервоарски простор 1100 метри кубни. Едниот во Старо Делчево, 300 m3 и другиот во атарот на с.Ѕвегор, 800 m3;
• Дистрибутивна мрежа – 45% од цевководната мрежа е азбестно-цементна.
Останатите рурални населени места се снабдуваат со вода за пиење преку локални водоводни системи и чешми.
Во градот Делчево одведувањето на комуналните отпадни води се врши заедно со атмосферските води преку постојната канализациска мрежа која во градот Делчево е изградена 92%, додека покриеноста со канализациската мрежа во општината изнесува 68%.
Мрежата е од мешан тип и е проектирана со две изливни места лоцирани на колекторите покрај реките Брегалница и Габровчица, а краен реципиент е река Брегалница.
Покриеност со електрична енергија: 100%
- Историјат
Уште од најстаро време преку Пијанец минувале патишта што го сврзувале со соседните области.
Преку ова подрачје поминувал патот што ги поврзувал Римските градови Astibo (Штип) со Pautallia (Ќустендил). Овој пат е одбележан уште во IV век од нашата ера во картата на Peonia- Tabula pojtingerijana и е една клучна комуникација што се поврзувала на патот Via Ignatia кој одел од Epidamos (Драч) до Tesalonica (Солун).
И денес де познаваат трагите на Римскиот пат, кој тргнувал од Осоговските Планини, каде што се експлоатирала Оловно-Цинковата руда, па по должина ја сечат Пијанечката Котлина до селото Тработивиште, од каде преку клисурата на реката Брегалница, и Малешевијата водел за Солун.
Овие стари патишта се задржале долго време. Со поставувањето на Бугарската гарница 1878 година, кај Црна Скала се наоѓал и граничниот премин со царинарници меѓу Турција и Бугарија. Првите автомобилски патишта почнале да се градат пред Хуриетот. Галавниот автомобилски пат Кочани-Делчево преку Калиманско Поле и понатаму за Берово е изграден пред 1908 година, и се до скоро бил главна сообраќајна врска со овој крај. Во 1972 година е даден во употреба асвалтниот пат Кочани-Делчево, кој сега е главна сообраќајна врска на Делчево со останатите места во земјата. За време на Првата Светска Војна бугарските власти го направиле патот Делчево-Благоевград, на кој сега се наоѓа граничниот премин Арнаутски Гроб. Патот кон планинското одмаралиште на Голак е изграден 1964-65 година.
- Местоположба
Близина на аеродром: Софија 140 km, Скопје 170 km
Близина на железница: Кочани 40 km
Близина на пристаниште: Солун 250 km
Граничен премин: Арнаутски гроб 10 km од општинскиот центар, Црна скала во изградба
- Улици
Асфалтирани улици:
Должина 31.410 m
Површина 188.460 m2
Тампонирани улици:
Должина 340 m
Површина 1360 m2
Пробиени улици (земјени):
Должина 2.990 m
Површина 17.940 m2
Непробиени улици (земјени):
Должина 9.684 m
Површина 58.104 m2
- Патишта
На подрачјето на општината поминува магистралниот пат М5, со кој општината се поврзува со Република Бугарија.
Со сообраќајниот систем на државата општината се поврзува преку неколку регионални патишта:
– R533 го поврзува Делчево со Кочани и понатаму Штип, Велес;
– R521 го поврзува Делчево со Виница, преку с. Бигла;
– R522 Делчево – планина Голак и
– R523 Делчево – Берово.
Магистрални 10.000 m
Регионални 68.000 m
Локални 143.240 m
- Јавен превоз
Во делчево за јавен превоз на патници и стоки се користи патен сообраќај. Автобуската станица, која е во приватна сопственост не работи и не ја врши својата функција. Оваа функција делумно ја извршува лиценцираниот патен превозник дооел “Пинк транс”, кој има директна линија Делчево – Скопје – Делчево.
Во исто време, во отсуство на туристичка агенција во општината, ја врши функцијата на посредник за патувања до одредени туристички дестинации во земјата и странство.
Градскиот превоз во општина делчево го вршат 11 лиценцирани превозници со минибуси и комбиња, кои го обезбедуваат превозот до селата, како и превозот на ученици.
Во општината има четири лиценцирани автотакси компании и десетина лиценцирани индивидуални автотакси превозници.