Culture

Културните активности во општина Делчево главно се одвиваат во Спомен домот АСНОМ, град Делчево кој располага со корисна површина од 2359 m2 и Спомен дом на Разловечко востание, с. Разловци (библиотека и кино сала).

Културни институции во општината

• НУЦК “Никола Јонков Вапцаров”, во чии рамики постои и Археолошко-музејска поставка, со пронајдени предмети од архелошките ископувања во општина Делчево, како и други обележја на културното наследство;
• ЈЛБ “Илинден”, со книжен фонд од 40.000 книги: 30.000 книги во градот и 10.000 книги во библиотеката во село Разловци;

Културни настани во општината

• Февруарски поход, февруари;Пијанечко-малешевска свадба
• Ден на Разловечкото востание, 20 Мај;
• Ден на културата во Р.Македонија, 10 Јуни;
• Меѓународна манифестација, Гоцеви денови, Јуни;
• Голачки фолклорни средби (ГФС), 8-ми Август;
• Пијанечко – Малешевска свадба со Меѓународен фолклорен фестивал (Септември);
• Ден на ослободувањето на Делчево, 7-ми Септември;
• Ден на востанието на македонскиот народ и ден на борецот, 11-ти Октомври;
• Месец на книгата (10 Октомври – 10 Ноември);
• Детски музички фестивал Делчево Денс (пролет или есен).

Културно наследство

Цркви во општинатаЦрква Делчево
• Успение на Св. Богородица – Делчево;
• Св.Ѓорѓи- с.Град;
• Св. Петка Параскева – с.Селник;
• Св.Богородица- с.Тработивиште;
• Св. Атанасиј – с.Нов Истевник;
• Св. Никола -с.Стар Истевник;
• Св.Архангел Михаил-с.Драмче;
• Св. Пантелејмон – Голак;
• Св.Цар Костадин и царица Елена – с.Разловци;
• Св.Никола- с.Вирче.

Манастири
• Св.Богородица – Источен петок – Балаклија (манастирски комплекс);
• Покровна Богородица (манастирски комплекс), ревитализиран – недовршен;Манастир Св. Богородица
• Св.Ѓорѓи – с.Вирче;
• Св.Илија – с.Ѕвегор;
• Св.Петка – с.Црквенец.

Џамии
• Џамија во Делчево;
• Џамија во с.Град;
• Џамија во с.Тработивиште;
• Џамија во с.Звегор;
• Џамија во с.Габрово;

Заштитен споменик на културата е црквата св. Петка во с. Селник, која датира од XVI век.

Споменици на природата
Кукуље• Место викано „Кукуље“ во с.Нов Истевник;
• Место викано „Кукуље“ во с.Тработивиште;
• Ѓурѓов даб во с.Вирче;
• Ѓурѓово Дабје со црковен камен во с.Драмче;
• Благун Даб во с.Разловци;
• Пештера во с.Киселица,неистражена;
• Илин камен во с.Ѕвегор.

Архелошки наоѓалишта
• Могила кај с.Очипала, пронајдена е погребна кочија и е сместена во музејот во Штип;Археолошки истражувања кај Могила
• Могила кај с.Ветрен, истражена;
• Могила кај с.Вирче,истражена;
• Могила кај с.Бигла, истражена; (пронајдените зачувани примероци се сместени во Археолошко – етнолошката поставка сместена во НУЦК “Н.Ј.Вапцаров” – Делчево.
• Постојат неистражени могили во селските населби – Драмче, Косово Дабје,
Истевник, Петрашевец, Илиово и др.
• Енеолитското наоѓалиште – Локалитет Градиште во с. Град, делумно е истражено, а конзервираните примероци се сместени во Археолошко – етнолошката поставка.
• Бројот на такви локалитети во Делчевско изнесува околу 15 и тоа во селата: Ѕвегор, Град, Чифлик (Кулата), Моштица, Тработивиште, Разловци,Вирче, Илиово, Очипала, Олшан град и Каменица. Најголемите и најглавните се наоѓале во М.Каменица (Калата) и во с.Град (Градиште).
• Римски погребувања во Пијанец (Истражени локалитети с.Очипала и с.Драмче)
• Кај местото викано „Грамади“ во атарот на с.Разловци постои селска населба од средниот век. Вршени се археолошки ископувања во 2004 година.
• Траги од праисториска населба со керамички фрагменти има кај месноста Чука.