Презентација на активностите за родово одговорна општина

  • News

Општина Делчево, како една од десетте вклучени општини во проектот  за интегрирање на родовиот концепт во локалните политики и буџетот, ги презентираше активностите за родово одговорни политики засновани на комуникацијата, како дел од Форумот за општински практики „Кон родово одговорни општини“  во организација на ЗЕЛС.

 За важноста на унапредувањето на комуникацијата на координаторите за еднакви можности со сите сектори во Општината и со надворешната јавност и медиумите, говореше Даниела Такева, заменичка-координаторка за еднакви можности и советник за односи со јавност во Општина Делчево. Таа во презентацијата ги потенцираше заложбите и предизвиците на Општината кои врз основа на двонасочна комуникација со граѓаните и граѓанките, но и комуникација внатре во институцијата, дава резултати и води кон имплементирање на родовата политика на Општината за остварување на стратешката визија „Жените од Делчево, да  се активно вклучени во општествените текови и да даваат свој придонес при креирање и спроведување на локалните политики“.

Освен Делчево, оригинални комуникациски искуства пренесоа и општините Кочани и Карпош, а дел од практиките споделија и општините Центар, Ѓорче Петров и Аеродром.

На форумот учествуваа и градоначалнички и градоначалници, советнички и советници од Лоби групата за родова еднаквост при ЗЕЛС, како и координатори и координаторки за родова еднаквост од општините, а пред присутните говореа и градоначалничките на Битола и на Македонска Каменица, Наташа Петровска и Соња Стаменкова, како и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, сите членки на Лоби групата за родова еднаквост при ЗЕЛС.

Со овој настан беше заокружен двегодишниот период на реализација на активностите од проектот „Кон родово одговорни општини:зајакнување на општинските капацитети за родови политики и родово одговорен буџет“, што го реализира ЗЕЛС, со поддршка на  UN Women, Скопје, а кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

Shares