Локалнoто собрание на млади го избра Локалниот младински совет во Делчево

  • News

Во присуство на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и претседателот на Советот на Општина Делчево, Драган Маневски, Локалното собрание на млади по пат на непосредни избори и со тајно гласање го избра составот на Локалниот младински совет на Општина Делчево. Бројот на членови на Младинскиот совет e пет, со мандат од две години and со право на уште еден избор, а според апликациите, интерес за членување во ЛМС во Делчево пројавиле претставници од 7 организации во Делчево.

На настанот се обрати директорт Мојсоски кој истакна дека Општина Делчево е една од првите општини која постапува по новото законско решение и формира Локален совет за млади.

-Младите мора да бидат слушнати да се почитуваат нивните идеи.Младинските совети се браникот на младите кои преку ова тело директно ќе им пренесуваат на општините за нивните барања и потреби. Затоа, даваме поттик на сите општини да  формираат младински совети, за да знаат младите, каде да се обратат и ги повикувам сите општини да го користат примерот од Делчево, рече Мојсоски.

За градоначалникот Трајковски, формирањето на функционален Младиснки совет ќе влијае на обликувањето и спроведувањето на политиките за млади, насочени кон подобрување на квалитетот и условите за живот и зајакнување на нивната свест за активно и одговорно учество во општеството.

-Во таа смисла и согласно со условите и можностите во Општина Делчево, како градоначалник давам, и ќе давам поддршка на сите нивни активности, барања, бидејќи младите во Делчево се тие што мотивираат и со чија помош ќе внесуваме промени и ќе ја градиме општината, истакна Трајковски.

Тој пред присутните ги потенцираше проектите и програмите кои се реализираат во интерес на младите во Делчево, а го промовираше и новиот проект кој се реализира на барање на младите, изградба на скејт –парк во Делчево, кој е во фаза на тендерирање.

Овој скејтпарк треба yes ги задоволand потребите на локалното население, посебно младите, for рекреација, тренинг and евентуално одржување натпревари from локален карактер. Локацијата се наоѓа во спортско- рекреативниот центар, односно во завршниот дел на улицата КЕЈ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО која ќе биде главната улица по која посетителите ќе можат да дојдат и пристапат до скејт- паркот, а површината е 880 м2. Проектант на скејт-паркот е делчевскиот архитект Гоце Попов, рече Трајковски.

Инаку, по пат на тајно гласање членовите на Локалното собрание на млади го избираат новиот состав на ЛМС, а  мандатите на членовите на Локалниот младински совет на Општината се верификуваат од страна на Советот на Општината.

За претседателот на Советот, Драган Маневски, новиот начин за избор на членови на Локалниот младински совет, согласно со новите законски измени, значат повисоко, демократско право за избор на нови членови на телото коешто треба да ги мотивира, поттикнува, обединува, активира младите од Делчево, за нивно активно вклучување во креирањето на локалните младински политики.

За членови на Локалниот младински совет Делчево се избрани:Александар Дончовски, Јована Петровска, Џастин Мемедов, Родне Деолска и Кристијан Трајановски.

Shares