Поделени 1250 новогодишни пакетчиња во Делчево

  • News

Дедо мраз пристигна во детската градинка „Весели цветови“ и донесе радост, смеа и новогодишни пакетчиња кај дечињата од детската градинка. Новата година носи нов почеток, нова надеж и најголема радост на децата, a со цел да се израдуваат сите дечиња во Делчево, од детската градинка „Весели цветови“, па сè до 7 одделение во основното образование и децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби, годинава со поддршка на локални фирми од Делчево се обезбедија 1250 пакетчиња.

Градоначалникот Трајковски кој присуствуваше на новогодишната приказна во детската градинка, изрази благодарност до сите локални фирми кои се вклучија во акцијата.

-И оваа година традиционално со локалните фирми обезбедивме детски новогодишни пакетчиња. Целта ни е да ги израдуваме дечињата и да овозможиме секое детенце да ја почувствува новогодишната магија. Новата година носи најголема радост на децата. Затоа, во оваа прилика, им посакувам да им се остварат сите новогодишни желби, но пред сè, да имаат среќно детство и да веруваат во новогодишната магија. Чудата се возможни, истакна градоначалникот Трајковски.

Општина Делчево изразува благодарност до фирмите кои се вклучија во новогодишната акција: „Фротирка-Компани“ Делчево, казино „Амбасадор“, Рудине-ММ, „Еуро-Бетон“ од с. Град, „Форстек“, „Дамјанов“, „Сонитекс“, „Обел-градба“-с. Град, „Муци-транс“,„Рома-транс“, „Памист“, ресторан „Трла“, „Тренд-ком“, кафе-бар „Валиум“, „Лукатекс“,„Телходел“, „Извор комит“,„Геомер“, ресторан „Антика“, „Крзно“, „Гео-инг“, „Нефи“,„Ликеј-делвин“, „Стефи“.

Shares