
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска престојуваше во работна посета на Municipality of Delchevo, каде заедно со градоначалникот Иван Гоцевски изврши увид во реализацијата на повеќе капитални инфраструктурни проекти кои се спроведуваат со поддршка од Владата и ресорните министерства.
Во рамките на посетата, беа презентирани тековните активности за реконструкција и изградба на повеќе улици во централното градско подрачје, реконструкцијата на улицата „Индустриска“, изградбата на нова атмосферска и фекална канализација, водоводна мрежа, тротоари и улична инфраструктура, како и проектите за уредување на централното градско јадро.
Премиерот Мицкоски и градоначалникот Гоцевски извршија увид и во завршните работи на изградбата на улицата „Видео Смилевски Бато“ во населбата Стар Расадник, проект кој претставува долгогодишно барање на жителите и со кој трајно се решава проблемот со ерозијата и безбедниот пристап до домовите.
Во рамките на агендата беше посетен и проектот за регулација на коритото на реката Брегалница во централното градско подрачје, каде се реализира изградба на современо мини и макси корито во должина од 320 метри. Проектот има значајна улога во заштитата на домовите и имотите од поплави, а воедно придонесува за уредување на урбаниот изглед на градот.
За време на посетата беше истакнато дека, со поддршка на Владата и надлежните министерства, во Општина Делчево се реализираат и се реализирале 14 инфраструктурни проекти, за кои се обезбедени 149.550.472 денари, средства кои се инвестираат во подобрување на патната, комуналната и водната инфраструктура, создавајќи подобри услови за живот на граѓаните и поттикнувајќи локален економски развој.
Градоначалникот Иван Гоцевски се заблагодари за поддршката од Владата и нагласи дека партнерската соработка со централната власт овозможува реализација на капитални инвестиции кои се од исклучително значење за развојот на Делчево и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
4.Листа проекти финансирани од Централни нивоа на власт:
|
р.бр. |
ПРОЕКТ |
Доделени средства од министерства | Вредност на проект по спроведена јавна набавка | Вредност по завршна ситуација |
|
1 |
Реконструкција на ул.Гоце Делчев“ |
3,537,030.00 |
2,769,721.00 |
2,703,697.00 |
|
2 |
Реконструкција на улици во населба Novo Delchevo |
11,953,239.00 |
11,061,342.00 |
11,060,899.00 |
|
3 |
Реконструкција на улица Вељко Влаховиќ |
8,337,081.00 |
7,737,833.00 |
7,714,633.00 |
|
4 |
Регулација на дел од река Габровчица |
12,933,660.00 |
17,111,135.00 |
|
|
5 |
Реконструкција на улица Индустриска |
13,472,579.00 |
11,808,566.00 |
|
|
6 |
Реконструкција на улица Кочо Рацин |
2,011,016.00 |
1,888,680.00 |
|
7 |
Изградба на краци од улица “Драмечка“(крак 4) и изградба на атмосферска канализација со колектор на населба Басарица(крак
4) и изградба на улици во насечба Басарица(дел од ул“Драмечка)“ |
3,060,522.00 |
2,862,015.00 |
|
|
8 |
Изградба на улици во населба
Станбена зона-СРЦ во Делчево(улица 5,улица 6,улица 8) и изградба на водовод,атмосферска и фекална канализација во населба Станбена зона-СРЦ |
10,757,706.00 |
10,204,477.00 |
|
|
9 |
Изградба на улици во населба Пролет(улица4в,дел од улица 3,дел од улица 5,дел од улица 1)и изградба на фекална и атмосферска канализација за населба Пролет и изградба на систем за водоснабдување на населба Пролет |
9,200,635.00 |
8,403,835.00 |
|
|
10 |
Реконструкција на дел од улица с.Звегор |
782,918.00 |
670,877.00 |
|
|
11 |
Реконструкција и изградба на улици во централно градско подрачје УЕ 2- дел од блок 2.2(дел од улица 4.крак од улица 4,дел од улица 1,пристапна улица 1,улица 5 и изградба на фекална и атмосферска
канализација за централно градско подрачје У.Г.2.2 блок 2.2(дел) |
11,397,955.00 |
10,583,000.00 |
|
12 |
Изградба на улица “Видео Смилевски Бато“(со потпорен ѕид) |
7,302,788.00 |
6,665,898.00 |
|
|
13 |
Атмосферска канализација на улица Индустриска |
11,269,576.00 |
8,837,878.00 |
8,675,002.00 |
|
14 |
Изградба на регулација на коритото на река Брегалница во централно градско подрачје на град Делчево возводно од регулирано корито(дел должина 320 метри) |
43,533,767.00 |
42,125,890.00 |



