Претставници од Локална акциска група на Чешка во посета на Делчево

  • News

Претставници од Локалната акциска група од Долни Поизежи од Чешка престојуваат во работна посета на Општина Делчево. Во рамките на посетата, денеска градоначалникот Иван Гоцевски оствари средба со Андреа Хлавата Черна и Индрих Хлавати од Лиса Над Лабен од Чешка како претставници на Локална акциska група (ЛАГ) Долни Поизежи којашто успешно работи со реализација на проекти поврзани со локалниот економски развој.

На средбата беше потенцирано значењето на функционирањето на локалните акциски групи и нивниот придонес во локалниот економски развој, а беше и потенцирана  можностa for идна меѓусебна соработка меѓу ЛАГ-от и ЕЛС Делчево.

Градоначалникот Гоцевски го потенцираше значењето на оваа средба која е во насока на размена на позитивните искуствата и практики.

-Значењето на локалните акцски групи е големо, кога зборуваме за локален економски развој. Посебно што се гради партнерство меѓу јавниот сектор, приватниот сектор и граѓанскиот сектор и тоа е добра основа и реални можности за заедничко планирање и поттикнување на развојот на локалното подрачје. Затоа, искуствата од европските локални акциски групи се доста важни за нас и ценам дека ова ново пријателство на Делчево отвора перпективи, нагласи Гоцевски.

Гостите од Чешка заедно со тим од Општината во текот на денешниот ден ќе посетат неколку знаменостости во Делчево, а ќе го посетат and историскоt Разловци, но и повеќе локални институции.

Shares