Концертниот спектакл во Делчево донесе илјадници посетители

  • News

Сите патишта викендов водеа кон Делчево. Концертниот спектакл во рамките на „Свежото делчевско лето“, подготвен од Општина Делчево, понуди три фестивалски вечери исполнети со забава и музика за сите возрасти и вкусови.

Илјадници посетители ги проследија концертите кои започнаа во петокот.

На сцената се понуди микс од фолклор и македонска народна музика, но и македонски рок и поп. Настапија: Влатко Миладиновски, па се понуди богатство на изворен вокален фолклор од првата вечер од фолклорниот бренд на Делчево-Голачките фолклорни средби.

Кулминација на првата вечер донесе незаборавниот концерт на момците од македонскиот бенд „Супер хикс“ кои уште еднаш покажаа дека се мајстори на сцената со нивниот препознатлив звук и спој на реге, панк, латино ритми и балкански музички елементи и познатите хитови  „Раде“, „Африка“, Мики ли“ и многу други.

Втората вечер беше резервирана за изворниот фолклор од Балканот во рамките на 31-то издание на Голачките фолклорни вечер.

Кулминацијата ја донесе српскиот бенд „Амадеус бенд“. Со добро познатите хитови, препознатливата енергија и одличната интеракција со публиката, „Амадеус-бенд“ приреди музичка вечер за паметење и уште еднаш покажа зошто со години го има своето место на регионалната сцена.  

Делчевското лето годинава го претвора нашиот град во место за средби, дружење, музика, позитивна енергија и лето за создавање нови спомени и лето за паметње.

Општина Делчево и градоначалникот Иван Гоцевски се заблагодаруваат на сите поддржувачи на фестивалот, на сите сограѓани и гости кои беа дел од оваа прекрасна вечер и дадоа свој придонес во новата приказна на нашето Делчево.

Проддолжуваме да создаваме настани што ќе се паметат.

Shares