Започна со реализација Програмата НАЈДОБРОТО ОД ДЕЛЧЕВО

  • News

Делчево ја стартуваше реализацијата на Програмата „Најдоброто од Делчево“ која е наменета за развој и афирмација на потенцијалите за Локален економски развој на Делчево and  интерсекторско поврзување на сите дејности на Општината во функција на Локалниот економски развој.

Општина Делчево располага со значаен природен, културен и човечки потенцијал кој сè уште не е доволно видлив и искористен. Со оваа Програма се дефинира систематски пристап за промоција на Општината како атрактивна, одржлива и отворена за соработка заедница, со јасно позиционирање на различни нивоа.

Главната цел на оваа Програма е aфирмација на потенцијалите за развој на Делчево во локални, национални и меѓународни рамки.

Додекa специфичните цели се однесуваат на: Јакнење на препознатливоста на Делчево како современа и автентична општина; Поттикнување на туризмот, инвестициите и културната размена;Промоција на локалниот идентитет, традицијата и природното богатство; Вклучување поединци (граѓаните, младите и дијаспората) во промотивните процеси; Подобрување на капацитетите на Општина Делчево и нивото на соработката на општина Делчево со регионални, национални и меѓународни организации.

Овие цели во рамки на програмата се дефинирани по специфични нивоа на имплементација и тоа:  Локално ниво; Регионално ниво; Национално ниво; и  Меѓународно ниво.

Како програмски столбови на програмата се застапени:

________________________________________

СТОЛБ 1: БРЕНДИРАЊЕ И ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ

________________________________________

СТОЛБ 2: БИЗНИС СЕКТОР И СТОПАНСТВО

________________________________________

СТОЛБ 3: КУЛТУРА, ТРАДИЦИЈА И НАСТАНИ

________________________________________

СТОЛБ 4: ТУРИЗАМ И ПРИРОДНО НАСЛЕДСТВО

________________________________________

СТОЛБ 5: МЛАДИ, СПОРТ И СОВРЕМЕН ЖИВОТ

________________________________________

СТОЛБ 6: НАЦИОНАЛНА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО ПОЕДИНЦИ И ОРГАНИЗАЦИИ

________________________________________

Оваа Програма во себе инкорпорира поширока КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА на Општината и локалните институции со која ќе го запознаеме светот со убавините и можностите за раст на Оmunicipality of Delchevo.

Како ОДГОВОРНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА се следните nосители:

•Општина Делчево

•Јавни установи и институции

•НВО и културни здруженија

•Бизнис сектор и туристички субјекти, а фондот на партнери за имплементација на оваа секојдневно се зголемува.

Најдоброто од Делчево” е силна порака за визијата на нашето Делчево.

Заеднички да се вклучиме сите за да изградиме уште поубаво место за живеење, посета, водење бизнис и сл.

Оваа Програма ќе има и посебен препознатлandв брендинг.

 

Shares