Креативно дружење, музика и забава-по повод Меѓународниот ден за младите

  • News

Локалниот младински совет од Делчево во градскиот парк во Делчево ги собра младите на креативноthat дружење , музика и забава со цел да го одбележат Меѓународниот ден на младите. Настанот се одвиваше под мотото „Ајде сите заедно да ги поддржиме нашите млади!“ и порачаа дека  овој Меѓународен ден на младите го славиме со она што најмногу нè поврзува – музика, дружење и добра енергија!

Настанот се одвиваше во прекрасна атмосфера, под отворено небо во градскиот парк покрај реката Брегалница, во ноќта кога се гледаше и затемнувањето на сонцето и со гитариte, омилените песни се прокнижија многу моменти за паметење.

Меѓународниот ден на младите се обележува секоја година на 12 август и се користи како можност за владите и другите одговорни институции, да го насочат вниманието на младинските прашања ширум светот. За време на одбележувањето низ целиот свет се одржуваат концерти, работилници, културни настани и состаноци со претставници на национални и локални власти и младински организации.

За градоначалникот Гоцевски оваа неформална дружба покажува колку креативност, талент и идеи имаат во себе.

Младите се нашата иднина, нашата секојдневна радост и инспирација. Наша обврска е да создаваме услови во кои тие ќе можат слободно да се дружат, творат, да ги реализираат своите идеи и да уживаат во својот град. Затоа, потребите на младите за нас се приоритети. Тоа го покажавме и со отворањето на Младинскиот центар со кој овозможуваме простор за надградба на младите, јакнење на нивните капацитети и создаваме можности за раст и развој. Исто така, го формиравме и новиот Локален младински совет кој треба да биде иницијатор на обединувањето на младите. Моја цел е активни млади и млади кои ќеучествуваат во општествените текови и ќе дадат рпидонес во развојот на заедницата, истакна Гоцевски.

Shares