Започна изградбата на три инфраструктурни објекти

  • News

Општина Делчево официјално ја започнува реализацијата на три значајни инфраструктурни проекти, насочени кон подобрување на локалната патна инфраструктура, унапредување на комуналните услуги и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните.

Станува збор за целосна реконструкција на улицата „Даме Груев“ (крак 2) во село Тработивиште, реконструкција на крак од улицата „Индустриска“ во Делчево и реконструкција на водоводната мрежа во Старо Делчево.

Проектот за реконструкција на улицата „Даме Груев“ (крак 2) во Тработивиште опфаќа делница во должина од 380 метри, а неговата вредност изнесува 2.267.776 денари. Средствата се обезбедени преку партнерска соработка со Министерството за транспорт и од Буџетот на Општина Делчево. Со реализацијата на овој проект ќе се подобрат условите за движење и пристапноста за жителите на ова населено место.  Реконструкцијата на улицата е дел од определбата на Општина Делчево за подобрување на патната инфраструктура и условите за живеење во населените места, со инвестиции кои придонесуваат за побезбедно и поквалитетно секојдневие на граѓаните.

Во Делчево ќе започне и реконструкцијата на крак од улицата „Индустриска“, со што ќе се подобрат пристапноста, функционалноста на уличната инфраструктура и безбедноста на сообраќајот во овој дел од градот.

Третиот проект предвидува реконструкција на водоводната мрежа во Старо Делчево, со цел обезбедување посигурно и поквалитетно водоснабдување за жителите. Вредноста на договорот изнесува 890.608 денари со вклучен ДДВ.

Овој проект има особено значење за жителите на Старо Делчево, бидејќи со реконструкцијата се создаваат услови за поквалитетно, посигурно и постабилно водоснабдување, а истовремено се унапредува и комуналната инфраструктура во населбата. Замената на дотраената водоводна мрежа е инвестиција која ќе придонесе за намалување на дефектите и загубите на вода и за подобрување на квалитетот на комуналната услуга. Изведувач на работите е „ВОД-ВАР ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Со започнувањето на овие три проекти, Општина Делчево продолжува со реализација на планираните инфраструктурни инвестиции, со фокус на рамномерен развој и подобрување на условите за живот како во градот така и во населените места.

Shares