
Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска во Скопје присуствуваше на Првиот национален форум „Општини за здравје“, посветен на поттикнување локални активности за унапредување на здравјето и превенцијата.
Форумот, организиран со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), претставува национална платформа за зајакнување на улогата на општините во спроведувањето на здравствените приоритети, преку конкретни, координирани и одржливи активности на локално ниво.
Првиот форум овозможи размена на конкретни искуства и добри практики од локални иницијативи што веќе се спроведуваат во одделни општини, вклучително и активности поддржани од СЗО. Посебен акцент was ставен на улогата на локалното лидерство, функционирањето на советите за јавно здравје и меѓусекторската соработка во планирањето и спроведувањето на превентивните активности. Преку примери од областа на унапредувањето на здравјето и благосостојбата во училиштата, превенцијата на употребата на тутун и поддршката за откажување од пушење, ќе се разгледаат можностите за поефективно поврзување на општините со здравствените и образовните институции и другите локални партнери.
Форумот gives можност за идентификување конкретни чекори за зајакнување на локалните капацитети, обезбедување континуитет на постојните иницијативи и проширување на успешните практики во други општини, во согласност со приоритетите.
Во рамките на форумот, градоначалникот Гоцевски оствари и средба со д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација и шеф на Канцеларијата на СЗО во Македонија. На средбата беа разменети мислења за значењето на соработката меѓу локалната самоуправа и меѓународните здравствени организации, како и за можностите за поддршка на локалните иницијативи насочени кон унапредување на здравјето и превенцијата.
„Здравјето на граѓаните не е одговорност само на здравствените институции. Локалната самоуправа има важна улога во создавањето услови за поздрава, побезбедна и поквалитетна животна средина. Затоа, ваквите иницијативи се значајни бидејќи отвораат простор за соработка, размена на искуства и заедничко дејствување. Нашата заложба е и Делчево да продолжи да ги развива локалните политики и активности со кои ќе придонесуваме за подобро здравје и благосостојба на граѓаните. Во оваа прилика најавувам и засилена активност на општинскиот Совет за јавно здравје кој има важна советодавна, иницијативна и координирачка улога во креирањето и унапредувањето на локалните политики за заштита на здравјето на населението“, истакна градоначалникот Гоцевски.
Учеството на Општина Делчево на овој национален форум е можност за размена на добри практики, воспоставување партнерства и идентификување нови можности за поддршка на локалните здравствени иницијативи, со цел здравјето и превенцијата да станат уште позначаен дел од локалните политики и развојни приоритети.



