Department of Legal and General Affairs and Public Activities

Одделение за правни и општи работи и јавни дејности ги врши следните задачи: води постапка за вработување во општинската администрација, врши воведување во работа на ново вработените, планира обуки и стручно усовршување на општинската администрација, води  персонална и кадровска евиденција, се грижи за спроведување на законите за унапредување на човечките ресурси и води грижа за правична застапеност на заедниците, предлага политики за управување со човечките ресурси во општината, предлага Програма за обука на државните службеници и води евиденција на обуките, соработува со Агенцијата за државни службеници, води дисциплински постапки, ги врши работите што се однесуваат на изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот, дава мислење на актите од аспект на нивната законитост, регулирање на имотно-правните односи, застапување на Општината по претходно овластување на Градоначалникот пред судовите и другите државни органи во РМ, ги следи и применува законите, прописите и општите акти за канцелариско и архивско работење, врши и други помошно технички работи и работи кои ке му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на Општината.