Одделение за внатрешна ревизија

Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните работи: го следи, проучува и применува Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, подзаконските акти донесени врз основа на овој закон и други закони од оваа област, повелбата за внатрешна ревизија и интерните акти на субјектот усогласени со овој закон; обезбедува независно разумно објективно уверување и совет со цел за подобрување на работењето на општината и зголемување на ефективноста на системите за внатрешна контрола; изработува стратешки и годишни планови за внатрешн ревизија врз основа на објективна процена на ризик, како и извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови; процена на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за финанскиско управување и контрола за утврдување, процена и управување со ризиците од раководството на субјектот во однос на: усогласеноста на законите, подзаконските и интерните акти и договори, веродостојноста и сеопфатноста на финансиските и оперативните информации, безбедноста на имотот и информациите и извршување на задачите и остварување на целите; давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури; мониторинг на спроведувањето на мерките преземени од раководителот на субјектот од јавниот сектор врз основа на извршени ревизии, врши и други работи што ќе му бидат доверени од страна на Советот и   Градоначалникот