Покана за одбележување на 120 години од смртта на великанот Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 120 -годишнината од смртта на револуционерот и патронот на градот, Гоце Делчев, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 4 мај (четврток) 2023 г.

10.00ч положување свежо цвеќе на споменикот на Делчев во центарот на градот.

11.00ч отворање изложба „Лесновска ликовна колонија 2022“ (НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“- фоаје Спомен-дом АСНОМ)

18.00ч концерт на КУД „Гоце Делчев“ (сала Спомен-дом АСНОМ)

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настаните и да оддадат почит кон ликот и делото на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев.

Shares