По повод Делчевско културно лето – Голачки фолклорни средби 2026 год.- Општина Делчево на 7, 8 и 9 Август ќе организира спектакуларна и незаборавна културно- забавна програма со настап на афирмирани музички групи од земјата и од странство на летната сцена во Делчево.
Општина Делчево упатува јавен повик за пријавување на деловни субјекти за закуп на локации за поставување на опрема за подготвување на скара и служење пијалоци пред летната сцена во центарот на Делчево во времетраење од петок- 7 август; Сабота- 8 август; и недела- 9 август како што следува:
A) Општина Делчево упатува јавен повик за изнајмување под закуп на две локации за поставување на шанкови за служење пијалоци:
1. Првата локација е лоцирана на платото пред спомен домот АСНОМ а
2. Втората локација е лоцирана пред јарболите за знамиња во градскиот парк,
Условот за тие добивање на овие локации е правните субјекти да постават по минимум 30 високи маси и просторот да биде уредно опслужван со оперсонал.
Цената за закуп на една локација е 20.000 денари
Б) Општина Делчево упатува Јавен повик за изнајмување под закуп на локации за поставување на опрема за приготвување скара од страна на деловни субјекти на патеката во градскиот парк без места за седење и маси.
Цената за закуп на една локација е 15.000 денари.
Сите заинтересирани за закуп на овие локации можат да се пријават најдоцна до 6 Август- четврток до 15.00 часот во архивата на Општина Делчево или кај лицето Андријана Соколовска тел. 071 956 557.



