Парична помош за секое новороденче

Општина Делчево доделува парична помош за новородено дете во износ од 3.000 денари.Согласно со Правилникот, Одлуката важи за секое новородено дете чија мајка е жител на Општина Делчево.

За аплицирање по оваа мерка потребни се следите документи:

  • Важечка лична карта на мајката;
  • Извод од матичната книга на родените за детето;
  • Трансакциска сметка на барателот;
  • Барање и изјава