Вонредна седница на Советот на Општина Делчево

  • Новости

Поради силното невреме проследено со силен ветер, врнежи од дожд и град што го зафати Делчево и предизвика значителни штети по имотот на граѓаните, Советот на Општина Делчево одржа Вонредна седница со единствена точка на Дневниот ред:  Заклучок за првично санирање на штетата и процена на настаната штета во Општина Делчево.

На Седницата на која претставници од надлежните институции во Општина Делчево ги изнесоа информациите од направениот увид и состојбата на терен, советниците едногласно го донесоа Заклучокот со кој  заради првично санирање на штетата и  отстранување на последиците од природната непогода, Советот на Општина Делчево го задолжува ЈКП „Брегалница“, ТППЕ и другите установи и служби од локален карактер да се вклучат во санирање на последиците.

За утврдување на штетата која е настаната како резултат од непогодата (пороен дожд и град), Комисијата за процена на штета од елементарни непогоди и други несреќи на Општина Делчево, во законски рок да направи увид и да ја утврди штетата во согласност со прописите за заштита и спасување и Единствената методологија за процена на штетите од елементарни и други непогоди, а по направениот увид да изготви Извештај кој треба да се достави до Владата на РСМ – Комисија за проценка и утврдување на висина на надомест од елементарни непогоди.

Со цел да се помогне на најзагрозените семејства кои претрпеле материјална штета предизвикана од невремето, вработените членови на Советот на Општина Делчево, на наредна седница на Советот, ќе донесат Одлука за донирање на средствата од нивниот надоместок за присуство на 1 седница.  Невработените  членови на Советот, доколку сакаат да го донираат нивниот надомест, ќе потпишаат Изјава. Претседателот на Советот и 4 членови на Советот (2 од позиција и 2 од опозиција) да имаат увид при распределбата на средствата. Општина Делчево ќе има обврска да изготви и достави извештај за насочените средствата кон граганите и истиот ке го достави до Советот.

 Доколку има услови да се обезбеди  можност за обука на ТППЕ и вработените во ЈКП „Брегалница“ при справување со несреќи, каде постои ризик од електричен напон.

Општинската администрација/Секторот за финансиски прашања да ги разгледа можностите за отварање донаторска сметка на која сите заинтересирани правни и физички лица би донирале средства за справување со штетите предизвикани од невремето. Претседателот на Советот и 4 членови на Советот (2 од позиција и 2 од опозиција) да имаат увид при распределбата на средствата. Општина Делчево ќе има обврска да изготви и достави извештај за насочените средствата кон граѓаните и да се достави до Советот.

Shares