Објавена јавна набавка за изградба на нови улици во Делчево

  • Новости

Општина Делчево објави јавна набавка за изградба на нови улици во три населби во градот со што ќе се создадат услови за подобар квалитет животот на граѓаните, а со современи сообраќајници ќе се заменат досегашните земјени улици. Јавната набавка за работи се однесува на изградба на дел од ул. „Булевар Македонија“ изградба на краци на ул. „Орце Николов“ (Шумски Расадник) и изградба на ул. „3“ и ул. „5“ во населба „Пролет“. За реализација на набавката се обезбедени парични средства во вкупен износ од 13.300.000,00 денари без ДДВ, односно од 15.743.000,00 од Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија.

Со склучен Договор за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на извршена исплата на финансиски средства на Општина Делчево ѝ се доделени средства во износ од 9.225.000,00 денари наменети за Проект за изградба на краци на ул „3“ и ул. „5“ во населба „Пролет“; средства во износ од 3.640.000,00 денари наменети за Проект за изградба на краци на ул „Орце Николов“ и средства во износ од 2.878.000,00 денари наменети за Проект за изградба на дел од улица бул. „Македонија“.

Договорот за јавна набавка ќе се додели со спроведување на Поедноставена отворена постапка за набавка на работи. Јавното отворање на Електронскиот систем ќе биде на 14.02.2024 година.

Shares