Голем интерес кај младите за новиот скејт-парк во Делчево

  • Новости

Новиот скејт-парк во Делчево,  кој се  реализираше во рамки на проектот „Интегрирани прекугранични туристички акции во Благоевградско-делчевскиот регион“ (CrossTourAct)   кој се реализира во рамките на Програмата INTERREG VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021-2027,веќе привлекува голем интерес кај младите. Голем број млади веќе го користат просторот за рекреација, спорт и дружење, што потврдува дека новата спортско-рекреативна содржина е токму она што им недостигаше на младите во градот.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски денеска направи увид на теренот и посочи дека радува фактот што просторот уште пред неговото целосно завршување е прифатен од младите.

„Ми претставува особено задоволство што скејт-паркот веќе предизвикува голем интерес кај младите и што гледаме дека тие го препознаваат како место за спорт, рекреација и дружење. Тоа е најдобрата потврда дека инвестираме во содржини кои им се потребни на младите и кои го поттикнуваат активниот начин на живот“, истакнува Гоцевски.

Тој упатува апел до младите да бидат внимателни и одговорни при користењето на просторот додека траат завршните активности, да ја почитуваат поставената сигнализација и правилата за безбедност, како и да користат соодветна заштитна опрема.

„Скејт-паркот е инвестиција во нашите млади. Сакам да биде место каде што ќе уживаат, ќе ги развиваат своите вештини и ќе создаваат убави спомени. Но, најважна е безбедноста. Затоа апелирам до сите корисници да го користат просторот одговорно и внимателно“, додава градоначалникот.

Со завршувањето на овој проект Делчево доби уште еден современ простор наменет за спорт, рекреација и дружење – простор кој веќе ја добива својата најважна потврда: интересот и присуството на младите.

За целосно завршување на Скејт паркот општина Делчево од буџетот на општината во првата фаз по завршување на проектот ќе инвестира во канделабри ,осветлување на Скејт паркот како и хортикултурно уредување и во втора фаза поставување на ограда, клупи и канти заотпадоци.

Изградбата на скејт-паркот е дел од проектот „Интегрирани прекугранични туристички акции во регионот Благоевград–Делчево“, поддржан од ИПА- Програмата за прекугранична соработка, со вредност од 2,4 милиони денари.

Shares