Издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола

Вид - Име на услугата
Издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола
Потребни документи
  1. Барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола до Општина Делчево, Одделение за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, сообраќај и ЛЕР – готов образец во ОЦУ и web на Општина Делчево;
  2. Пополнето Барање согласно Правилникот за постапката за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола („Сл. Весник на РМ“ бр. 112/14 и 42/16);
  3. Уплатница
Административна такса

Административна такса

Износ: Зависи од видот и големината на емисиите во животната средина и врз основа на површината што ја зафаќа инсталацијата, согласно со Уредбата за висината на надоместок кој треба да го плаќаат операторите на инсталациите кои вршат активности за Б – интегрирана еколошка дозвола („Сл. Весник на РМ“ бр. 117/07; 64/10 и 186/16);

Сметка: 100000000063095

Уплатна сметка: 840 120 03182

Приходна шифра: 722315 00

Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Делчево

Банка на примач: НБРМ

Цел на дознака: Барање за издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола

Прием на барањето

Општински центар за услуги (ОЦУ)

Место на реализација

Одделение за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, сообраќај и ЛЕР

Рок на реализација

60 дена од денот на прием на комплетна документација

Начин на доставување на услугата / документот
  • Лично подигање од ОЦУ од страна на подносителот – барателот на услугата
  • Доставна служба на Општина Делчево
  • ПТТ
Рок на жалба

15 дена од денот на приемот на решението

Законски основ

Закон за животна средина („ Сл. Весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187,13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18)

Забелешка
Големина на фонт
Контраст