Враќање на погрешно уплатени средства

Вид - Име на услугата
Враќање на погрешно уплатени средства
Потребни документи
  1. Барање до Општина Делчево, Одделение за финансиски прашања-готов образец во ОЦУ – кој граѓанинот го поплнува
  2. Уплатница
Административна такса

Административна такса
Изнoс: 50 денари
Сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 840 12003182
Приходна шифра: 722315 00
Примач: трезорска с-ка, Буџет на Општина Делчево
Банка на примач: НБРМ
Цел: Пренос на погрешно уплатени средства

Прием на барањето

Писмено барање се поднесува лично или по пошта во архивата на општината, Општински центар за услуги (ОЦУ)

Место на реализација

Одделение за финансиски прашања

  1. Се разгледува барањето
  2. Се изготвува Решение за враќање или пренасочување на погрешно уплатените средства
  3. Се прави налог за враќање или пренасочување на средствата на барателот
Рок на реализација

Веднаш или во рок од 10 дена од приемот на Барањето

Начин на доставување на услугата / документот

На начин кој барателот го има наведено во барањето и тоа:

  • Лично подигање од архивата – ОЦУ од страна на подносителот – барателот на услугата
  • По ПТТ пошта
Потребни барања
Рок на жалба
Законски основ

Закон за буџетите (Службен весник на РМ бр. 64/05….171/12) и Упатство за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи  (Служнен весник на РМ бр.114/09…. 27/2016)

Забелешка
Големина на фонт
Контраст