Известување до сопствениците на објекти и градежни парцели во населба Басарица

Општина Делчево повторно ги известува сопствениците на објекти и градежни парцели во Басарица кои сѐ уште не ги обезбедиле потребните приклучоци за водовод, фекална и атмосферска канализација дека е потребно тоа да го направат заклучно до 15 март 2020 година.

Доколку не се постапи и по ова известување, Општина Делчево информира дека по асфалтирањето на улиците, обезбедувањето приклучок на наведените комунални инсталации предвидени за уредување градежна парцела, ќе биде согласно со Програмата за уредување градежно земјиште, а трошокот ќе биде на корисникот на локацијата.

Исто така, согласно со Програмата за уредување градежно земјиште, трошоците за прекопување улици за приклучок кон комуналните инсталации и доведување на прекопот во првобитната состојба, паѓа на товар на корисникот на локацијата, а во периодот на гаранција на улиците, прекопувањето нема да биде дозволено.

За технички податоци контакт е лицето Митко Николовски од ЈКП „Брегалница“ Делчево, тел 072312031.

Shares