Известување

Се известуваат граѓаните на Општина Делчево дека делницата од улицата Маршал Тито на која се изведуваат градежни работи е затворена за сообраќај, а движењето кон Таушанско маало е пренасочено преку улиците „Крушевска“ и „8 Септември“ кај старото пазариште.

Со цел овозможување на безбеден и непречен сообраќај за сите учесници, се апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, да се движат со намалена брзина и зголемена претпазливост.

По завршување на градежните работи кои се однесуваат на пропустот во близина на старата касарна во Делчево, се очекува на оваа делница да биде пуштена една сообраќајна лента за движење со наизменично пропуштање на возила.

Shares