
Вработувањето на државни службеници во Општина Делчево се врши по пат на јавен оглас согласно Законот за државни службеници објавен во Службен весник на Република Македонија број 59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 69/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009 и 167/2010 и Правилникот “Правилник за критериумите и стандардите“, како и постапката за селекција и вработување на државните службеници (објавен во Службен весник на Република Македонија број 85/2005). Постапката за вработување се реализира преку Агенцијата за администрација на Република Македонија.