ЈАВЕН ПОВИК за формирање Локално собрание на млади на Општина Делчево

Врз основа на членот 17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија“ број 10/2020) ) и член 63 став 2 од Статутот на Општина Делчево („Сл.гласник на Општина Делчево 15/2013, 2/2019 и 1/2021), Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Делчево со Решение заведено под архивски број 08-447/9 од 12.04.2021 година и Градоначалниот на Општина Делчево на ден 19.04.2021 year распишуваат

 

PUBLIC CALL

за формирање Локално собрание на млади на Општина Делчево

(1) Градоначалникот на Општина Делчево со Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Делчево со Решение заведено под архивски број 08-447/9 од 12.04.2021 година рапишува Јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

(2) Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Делчево.
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик.
  • Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Делчево и да се на возраст од 15 до 29 години.

(3) Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи:

  • Портфолио за работата на организацијата.
  • Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 (една) страница.
  • Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Делчево.
  • Номинација на делегат/ка и заменик-делегат/ка со контакт-детали за претставниците.

(4) Пријавите за членство во Локалното собрание на млади на Општина Делчево се поднесуваат електронски на  e-mail адресата info@delcevo.gov.mk, или до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „Апликација за членство во Собранието на Советот на млади“.

(5) Рокот за пријавување е заклучно со 18.05.2021 година.

(6) Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Делчево и административниот службеник за млади номиниран од Градоначалникот на Општина Делчево.

(7) За повеќе информации околку повикот може да се обратите на e-mail адресата info@delcevo.gov.mk и на телефонскиот број +389 70 349 776 кај административниот службеник Милица Стојковска.

                                                                                                            MUNICIPALITY OF DELCEVO

                                                                                                       Mayor

                                                                                                     Goran Trajkovski

0Shares
0
Font size
Contrast