Со пораки за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на летниот распуст завршија сообраќајно едукативните предавања наменети за децата од основните училишта во Делчево. Предавањата се дел од овогодинешната национална кампања за безбедност на децата во сообраќајот која е организирана од страна на Републичкиот совет за безедност на сообраќајот на патиштата под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, а се спроведува од Општинскиотсовет за безбедност на сообраќајот на патиштатаДелчево и МВР. Целта на овие предавања еформирање на позитивни ставови за безбедно учество во сообраќајот и сообраќајна едукација на децата преку запознавање со правилата и прописите за одговорно учество во сообраќајот како пешаци, велосипедисти и патници,посебно важни за нивната возраст, како што е: поминување на пешачки премин, движење по улица или пат надвор од населено место,поминување на улица/пат каде нема обележан пешачки премин,користење на сигурносен појас во возилото итн.
Предавањата се одржаа со ученици од второ до петто одделение од општинските основни училишта „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“ во Делчево каде активно се вклучијаоколу 380 деца.
Безбедноста на децата во сообраќајот потребно е да биде дефинирана како највисок приоритет на локално и нацонално ниво имајќи го предвид фактот дека тие припаѓаат во групата ранливи учесници во сообраќајот за кои е потребно да бидат унапредени условите за нивно безбедно движење по улиците и патиштата, но и да се зголемат нивните знаења за сообраќајната инфраструктура, сообраќајната сигнализација и правилата и прописите преку кои би се самозаштитиле како учесници во сообраќајот.
Во општина Делчево согласно Анализата на податоците за сообраќајни незгоди -СН кои се случиле во периодот 2020-2021 година која беше работена за потребите на Стратегијата за безбедност на патиштата, се гледа дека скоро половина од вкупниот број на лица здобиени со лесна телесна повреда се деца и млади од 15 до 24 години односно 47,3%. Согласно Анализата на податоците за сообраќајни незгоди кои се случиле во текот на 2023 година која беше работена за потребите на Извештајот за реализирани активности за 2023 и Програмата за работата на ОСБСП Делчево за 2024 година, се забележува дека во групата од 0 до 14 години нема деца учесници во сообраќајни незгоди, додека во групата од 15 до 24 години, 11 млади биле лесно повредени односно нивниот процент во 2023 година изнесува 33,3%. Согласно Анализата на податоците за СН кои се случиле во текот на 2024 година се забележува дека во старосните категории од 0 до 14 и од 15 до 24 години како деца и млади лица учесници во СН биле 11% од вкупниот број лица кои учествувале во сообраќајни незгоди на подрачјето на Општина Делчево.