Четвртоодделенците од ООУ „Ванчо Прке“ во посета на градоначалникот и Општина Делчево

  • Новости

Повеќе детски игралишта, прифатилиште за кучиња скитници, парк за домашни миленици, но и асфалтирање улици во Делчево, побараа од градоначалникот Гоцевски  четвртоодделенците од ООУ „Ванчо Прке“ за време на нивната посета на Општина Делчево..

Градоначалникот Гоцевски истакна дека овие проблеми тие ги детектирале и ги истакнаа на средбата, бидејќи и тие сакаат да се променат нештата на подобро во Делчево.

-Средбата беше инспиративна за мене , и не учеа само учениците за функцијата градоначалник, туку и јас научив многу од нивната љубопитност, од нивните идеи, желби и амбиции. Затоа им се заблагодарувам за нивната посета, за нивниот подарок –цртеж со симболите на Општина Делчево, за нивните идеи и пораки. Младоста има предност, а иднината на нашиот град е во овие деца, порача Гоцевски.

Посетата на ученици на Општина Делчево и на градоначалникот, се организира во рамките на предметот општество и во соработка на Општината со образовните институции, а целта е учениците изворно да се информираат за надлежностите на општината, нејзините органи, начинот на носење одлуки и сл.

Shares