
За прв пат по 9 години се сервисираа парните котли во ООУ „Св.Климент Охридски. Целта на активноста е обезбедување, стабилен и ефикасен систем за затоплување, но и превенирање можни дефекти на инсталацијата за затоплување.
Како што истакна директорот на ООУ „Св.Климент Охридски“, Димитар Видимлиски, сервисирањето на инсталацијата беше неопходна и итна, бидејќи последен пат, сервисирање на системот било направено пред 9 години. Исто така, со оваа превентивна активност се обезбедува сигурно загревање на објектот и поголема енергетска ефикасност во училиштето за претстојниот период.
Сервисирањето го врши овластена фирма „Термоплан“ Скопје.
Редовен сервис за одржување на грејниот систем се спроведе и на парниот систем во детската градинка „Весели цветови“.



