ЈАВЕН ПОВИК
За свикување на собир на граѓани за избор на членови на
Совет на Месната заедница во с.Разловци
1.Градоначалникот на општина Делчево ги поканува жителите на с.Разловци да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Советот на месна заедница с.Разловци.
2.Изборот на членови на Советот на месната заедница во село Разловци ќе се спроведе на ден 11.12.2025 година (четврток),со почеток во 16.30 часот,во просториите на ПОУ„Св.Климент Охридски“Делчево во с.Разловци.
3.Постапката за предлагање,утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните и урбаните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Делчево.
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Иван Гоцевски



