
“Новогодишната магија започнува овде”
Сабота, 13.12.2025 година Ќе блесне новогодишната елка во центарот на Делчево.
Во 12.00 часот напладне имаме убав настан за промоција на монографијата „Ехото на дамарите на пијанчани – Копачката 10 години од впишувањето на „Копачката“ во УНЕСКО во реализација на здружението “Копачка” во салата во Спомен домот АСНОМ, а потоа забавата може да започне во 16.00 часот кај новогодишната елка во центарот на Делчево.
Сите се поканети, а особено најмладите за кои имаме многу изненадувања.
Да започнеме заедно со одбројувањето на старата и доаѓањето на новата 2026 година.
#ЗимскаПриказна #Делчево



