
Под мотото „И ние сме дел од општеството“, по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, во организација на Општина Делчево и РЕЦ ТЕРНИПЕ МК беше одржана пригодна свеченост на која се славеше ромската култура и традиција, но се потенцираше и мултикултурализмот како водилка во општеството.
На свеченоста, градоначалникот Гоцевски ги додели и традиционалните парични награди на најдобрите ученици Роми во трите образовни институции во Делчево истакнувајќи дека ова е еден инструмент за мотивација на учениците Роми да постигнуваат поголеми успеси во образованието, а годинава наградите се со зголемен износ од илјада денари.
Награда во висина од 11.000 ден доби средношколката Хулејда Мемедова ученичка во СОУ „М.М.Брицо“ во 1 година средно стручно образование; Награди во висина од 6.000 ден. добија Зекри Ибраимов ученик во ООУ „Ванчо Прке“ во 9 одд. и Јасен Демиров од ООУ „Св.Климент Охридски“ во ПУ во с. Тработивиште ученик во 7 одделение.
Градоначалникот Гоцевски обраќајќи се пред присутните истакна дека овој ден има посебно историско и симболично значење за нашите пријатели, сограѓани, соседи од нашето маало, Ромите.
На настанот беше презентирана ромската култура и традиција и ромскиот јазик; на сцената настапија учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“- ПУ во с. Тработивиште; беше презентирана фолклорната ромска традиција со изведба на балкански ромски танци на членовите од ТЕРНИПЕ-МК; а за прв пат на сцена настапи и блех-оркестарот составен од млади изведувачи; Традиционално свеченоста заврши со традиционалната ромска трпеза подготвена специјално за овој настан.



