Аплицирај за стипендија од општина Делчево

Општина Делчево доделува 28 стипендии за средношколци и студенти

КОНКУРС за доделување на 10 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија – 2020

КОНКУРС за доделување на 18 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година -2020

Согласно со Одлуката донесена на Советот на Општина Делчево, за тековната учебна година 2019/20, Општина Делчево доделува 18 ученички стипендии во две категории, како и 10 студетски стипендии во две категории.

Годинава се доделени 6 ученички стипендии повеќе во споредба со минатата година, односно Општина Делчево додели 18 ученички стипендии во две категории.

Во првата категорија се предвидени 10 ученички стипендии за одлични ученици од II, III и IV година во учебната 2019/2020 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение и ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош. Висината на стипендијата изнесува 1.000 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2020 година;

Во втората категоријаОпштина Делчево додели 8 стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето кои ги исполнуваат условите да се редовни ученици од II, III и IV година во учебната 2019/2020 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение, како и ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари. Висината на стипендијата изнесува 1.500 денари месечно, а се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2020 година;

Годинава се доделија 10 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија, во две категории.

Во првата категоријаОпштина Делчево додели 6 стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва), кои се жители на Општина Делчево и студираат на државните универзитети во РСМ, а се редовни студенти со континуиран успех над 8,00 кои не повторувале во текот на студирањето, студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош. Висината на стипендијата изнесува 2.000 денари месечно, а се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2020 година.

Во  втората категорија, Општина Делчево доделува 4 стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РСМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето, редовни студенти од техничките науки и медицински науки од сите студиски години освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 8,00 и кои не повторувале во текот на студирањето, редовни студенти од опшествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години, освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 9,00 и кои не повторувале во текот на студирањето.

Конкурсот за доделување стипендии се објавува во текот на месецот ноември од тековната година, на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо Делчево, регионалните медиуми и веб-страницата на Општинa Делчево- www.delcevo.gov.mk.

Големина на фонт
Контраст