КОНКУРС за доделување на 10 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија – 2021

  1. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат следните услови:

1.1. Редовни студенти од сите студиски години освен I (прва), со континуиран успех над 8,00 кои не повторувале во текот на студирањето

1.2. Студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош

1.3. Студентите да се жители на Општина Делчево

1.4. Студентите да не се корисници на друга стипендија или кредит од друга институција.

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 1 на конкурсот:

1.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

  • Со просек 10.00 – 40 бодoви
  • Со просек од 9.00 до 9,99 – 30 бодови
  • Со просек од 8.01 до 8,99 – 20 бодови

1.2.1. Семејно-материјалната состојба на студентот:

За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • Семејство без никакви примања – 60 бодови;
  • Семејство без никакви примања чии членови не се евидентирани во Агенцијата за вработување – 55 бодови;
  • Семејство со примања до 3.100,00 денари по член на смејство – 55 бодови;
  • Семејство со примања од 3.101,00 до 4.600,00 денари по член на семејство – 50 бодови;
  • Семејство со примања од 4.601,00 до 6.250,00 денари по член на семејство – 45 бодови;

Доколку 2(два) или повеќе кандидати имаат ист број на бодови изборот ќе се изврши со примена на дополнителен критериум односно вреднување на универзитетот на кој студира студентот според Шангајската ранг листа на универзитети. Предност ќе има универзитетот што е повисоко рангиран на Шангајската листа. Во случај 2(два) или повеќе кандидати да имаат ист број бодови и да студираат на ист универзитет избран ќе биде кандидатот што остварил повисок просек во текот на студирањето.

  1. Општина Делчево ќе додели 4 (четири) стипендии на редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија и кои постигнале особено висок успех во студирањето, кои ги исполнуваат следните услови:

2.1.Редовни студенти од техничките науки и медицински науки од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех од најмалку 8,00 и кои не повторувале во текот на студирањето

2.2 Редовни студенти од опшествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 9,00 и кои не повторувале во текот на студирањето

2.3. Студентите да се жители на Општина Делчево

2.4. Студентите да не се корисници на друга стипендија или кредит од друга институција.

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 4 (четири) стипендии од точка 2 на конкурсот:

2.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

За студенти на опшествените науки и факултетите од уметностите:

  • Со просек 10.00 – 100 бодови
  • Со просек од 9.81 до 9,99 – 90 бодови
  • Со просек од 9.61 до 9,80 – 80 бодови
  • Со просек од 9.41 до 9,60 – 70 бодови
  • Со просек од 9.21 до 9,40 – 60 бодови
  • Со просек од 9.00 до 9,20 – 50 бодови

За студенти на техничките науки и медицинските науки:

  • Со просек 9,51 до 10,00 – 100 бодови
  • Со просек 9,21 до 9,50 – 90 бодови
  • Со просек 8,91 до 9,20 – 80 бодови
  • Со просек 8,61 до 8,90 – 70 бодови
  • Со просек 8,31 до 8,60 – 60 бодови
  • Со просек 8,01 до 8,30 – 50 бодови

Доколку 2(два) или повеќе кандидати имаат ист број на бодови изборот ќе се изврши со примена на дополнителен критериум односно вреднување на универзитетот на кој студира студентот според Шангајската ранг листа на универзитети. Предност ќе има универзитетот што е повисоко рангиран на Шангајската листа. Во случај 2(два) или повеќе кандидати да имаат ист број бодови и да студираат на ист универзитет избран ќе биде кандидатот што остварил повисок просек во текот на студирањето.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

за доделување на студентски стипендии од точка 1 на конкурсот

  1. Барање за доделување на студентски стипендии (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)
  2. Фотокопија од Индекс;

3.Потврда за редовен студент за студиска 2021/2022 година;

  1. Потврда со број на положени испити со оценки;
  2. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството за последниот месец од 2021 година за кој е земено плата;
  3. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;
  4. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;
  5. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;
  6. Изјава потпишана од кандидат за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)
  7. Изјава од кандидат за веродостојност на податоците (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)
  8. Изјава од кандидатот дека не е корисник на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

за доделување на студентски стипендии од точка 2 на конкурсот

  1. Барање за доделување на студентски стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)
  2. Фотокопија од Индекс;
  3. Потврда за редовен студент за студиска 2021/2022година;
  4. Потврда со број на положени испити со оценки;
  5. Изјава потпишана од кандидат за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство (Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)
  6. Изјава од кандидат за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)
  7. Изјава од кандидатот дека не е корисник на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk)

Постапка за доделување на стипендии

  1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за стипендии на студенти кои студираат на државни универзитети во РСМ„ за студенти кои конкурираат за точка 1 од Конкурсот и со назнака „за стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето „ за студенти кои конкурираат за точка 2 од Конкурсот;
  2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево, од редот на вработените во Општина Делчево и Советот на Општина Делчево;
  3. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;
  4. Висината на стипендијата од точка 1 на Конкурсот ќе изнесува 2.000 денари месечно а висината на стипендијата од точка 2 на Конкурсот ќе изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2022 година.
  5. Стипендиите се неповратни;
  6. Конкурсот трае 15 работни денови од денот на објавувањето, а рокот за пријавување е од 15.12.2021година до 04.01.2022година;
  7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk

 

 ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

Shares