РЕШЕНИЕ за свикување на 37. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден  06.03.2020 година, донесе

РЕШЕНИЕ

за свикување на 37. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

Ја свикувам 37. седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 13.03.2020 (петок) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

-Усвојување на Записник од 36.седница

1.Завршна сметка  на Буџетот на општина Делчево за 2019 година;

2.Годишен извештај на Општина Делчево за 2019 година;

Образлагач:Анка Христова- Раководител на Одделението за буџет, сметководство и администрирање на даноци.

3.Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Стојан Димитровски-Командир на ПС од ОН Делчево.

4.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства;

Образлагач: Драган Маневски-Претседател на Советот на Општина Делчево.

5.Завршна сметка на ООУ „Св.Климент Охридски“ за 2019 година со Заклучок за усвојување;

6.Завршна сметка на ООУ „Ванчо Прке“ за 2019 година со Заклучок за усвојување;

7.Завршна сметка на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево со Заклучок за усвојување.

Образлагач:  По точките 5,6 и 7-Катерина Величковска-Одговорен сметководител.

8.Завршна сметка на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2019 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Маре Бошначка-Одговорен сметководител на  ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

9.Завршна сметка на ЈЛБ „Илинден“-Делчево“ за 2019 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Марина Димитровска-Одговорен сметководител  на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

 

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Бр.09–563/1
06.03.2020 год.
Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски,

Shares