РЕШЕНИЕ за свикување на 39. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 08.04. 2020 година, донесе

РЕШЕНИЕ

за свикување на 39. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

I

            Ја свикувам 39. седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 14.04.2020 (вторник) во12:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

Усвојување на Записник од 37.седница

-Усвојување на Записник од 38.седница

1.Предлог-Одлука за ослободување од комунална такса за користење на простор пред деловен простор во општина Делчево;

Образлагач:Шабан Багашов-раководител на Сектор за финансиски прашања.

2.Предлог-Одлука за усвојување на ажурирана Процена на загрозеност на подрачјето на општина Делчево од сите ризици и опасности

Образлагач:Драган Балас-Раководител по овластување на Центар за управување со кризи Делчево.

3.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект со намена различна од утврдената во важечко планска документација зграда бр.1 –објект за чување на крави и чување на храна за животни по барање на Марјан Стојановски.

4.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект со намена различна од утврдената во важечко планска документација зграда бр.1 помошен објект за чување на земјоделски производи по барање на Кирил Спасевски.

Образлагач: Горан Петровски-Советник за енергетска ефикасност.

  1. Предлог-Одлука за финансиски средства за поддршка на Џамија Султан Фатих Мехмет II Делчево;

6.Предлог-Одлука за парична помош по барање на Елена Цековска од Делчево;

7.Одлука за усвојување на Извештајот за работата на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2019 година;

Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

  1. Заклучок за усвојување на Годишна сметка на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2019 година;

Образлагач: Марија Сумрачка-Одговорен сметководител на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

Бр.09--714/1                                                                                                  СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

     08.04.2020                                                                                                                 Претседател,

Делчево                                                                                                                   Драган Маневски,с.р.

 

Забелешка: Доколку има потреба во наредните денови, ќе бидат доставени дополнителни материјали, Ве молиме за разбирање!

Shares