Решение за свикување на 41. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 22.06. 2020  година, донесе 

РЕШЕНИЕ за свикување на 41. редовна седница на Советот на Општина Делчево

I

Ја свикувам 41. седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 29.06.2020 (понеделник) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

-Усвојување на Записник од 40.седница на Советот

  1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Делчево за периодот 01.01.2020 дo 31.03.2020 година со Заклучок за усвојување;
  2. Предлог-Одлука за преотстапување во сопственост и владение на возило за чистење на улици DULEVO 850 на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

Образлагач:  По точките 1 и 2-Шабан Багашов-Раководител на Сектор за финансиски прашања.

  1. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на ученици прогласени за првенци на генерацијата во општинските училишта;

Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.

  1. Предлог-Одлука за изработка на Урбанистичко-проектна документација – Проект за инфраструктура за нов кабелски 10КВ вод од напојна трафостаница 110/34/10 КВ до столб пред отклон за ТС 10/0,4 КВ Алпинком-општина Делчево;
  2. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект насдвор од плански опфат објект станбена куќа зграда бр.1 на Јован Михаиловски;

Образлагач: По точките 4 и 5Горан Петровски-Советник за енергетска ефикасност.

  1. Предлог-Одлука за приоритетен проект : „Набавка на противпожарно возило“, општина Делчево во рамки на грантот од Проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка),  Компонента В: Грантови за успешност;

Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР. 

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Бр.09-1069/1
22.06.2020
Делчево

                                СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
                                                       Драган Маневски,с.р.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст