РЕШЕНИЕ за свикување на 51. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден  05.03.2021година, донесе

РЕШЕНИЕ

за свикување на 51.редовна седница на

Советот на Општина Делчево

I

            Ја свикувам 51. седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 12.03.2020 (петок)во14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

            Дневен ред

-Усвојување на Записник од 50.седница

1.Завршна сметка  на Буџетот на општина Делчево за 2020 година;

* Материјалите по првата точка ќе бидат доставени во понеделник!

2.Годишен извештај на Општина Делчево за 2020 година;

Образлагач:Шабан Багашов- Раководител Сектор за финансиски прашања.

3.Завршна сметка на ООУ „Св.Климент Охридски“ за 2019 година со Заклучок за усвојување;

4.Завршна сметка на ООУ „Ванчо Прке“ за 2019 година со Заклучок за усвојување;

5.Завршна сметка на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево со Заклучок за усвојување.

Образлагач:  По точките 3,4,  и 5-Катерина Величковска-Одговорен сметководител.

6.Завршна сметка на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2020 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Маре Бошначка-Одговорен сметководител наОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

  1. Предлог-Решение за именување и разрешување на член на Управниот одбор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево претставник од Советот на родители;
  2. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните службеници, давателите на јавни услуги, директорот и помошно-техничките лица вработени во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

Образлагач: По точките 7 и 8- Билјана Симовска-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

9.Завршна сметка на ЈЛБ „Илинден“-Делчево“ за 2020 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Марина Димитровска-Одговорен сметководител на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

10.Правилник за начинот на вршење на видео-надзор на територијата на Општина Делчево со Заклучок за усвојување;

11.Проценка на влијание за заштитата на личните податоци (ПВЗЛП) со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Милица Стојковска-Офицер за заштита на лични податоци.

12.Измена на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Џулиета Мемедова-Самостоен референт за заштита при работа.

13.Измена на Годишен план за вработување на ЈКП „Брегалница“- Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

14.Прашања и предлози на членови на Совет.

            II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Бр.09—430/1
05.03.2021год.
Делчево

Совет на Општина Делчево
Претседател
Драган Маневски

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст