Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. Гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 02.12.2021 година, донесe
РЕШЕНИЕ
За свикување на Втора редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам Втората редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 09.12.2021 (четврток) со почеток во 14.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од Првата седница
- Предлог-Одлука за проширување на средства на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци;
- Предлог-Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево;
- Предлог-Решение за именување на членови на Управниот одбор на Општинската јавна установа детска градинка „Весели Цветови“-Делчево;
Образлагач: По точките 2 и 3-Ивана Ивановска-Советник за правни работи застапување.
- Извештај за реализирани активности на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;
- Програма за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач:По точките 4 и 5– Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ Илинден“-Делчево.
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Петар Богдановски од Делчево;
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА од Делчево;
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Војчо Атанасов од с. Град;
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Асан Шаинов од Делчево;
Образлагач:По точките 6, 7, 8 и 9 – Ана Ситновска Димитровска-Советник- одговорен сметководител.
- Предлог-Одлука за согласност на Статутот на Локалниот историски, археолошки, етнолошки и природонаучен музеј на град Делчево
Образлагач: Даниела Такева-претседател на Упрваниот одбор на Локалниот историски, археолошки, етнолошки и природонаучен музеј на град Делчево.
- Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2021 година;
Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
- Измени на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Џулиета Мемедова-Самостоен референт за безбедност и здравје при работа.
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09-2345/1
02.12.2021
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Гоце Попов